Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Студенти

Публикуван е нов број од Списанието за одржлив развој


Почитувани посетители,
Објавен е новиот, 18-ти број од Списанието за одржлив равој во издание на Факултетот за Бизнис економија. Истиот можете да го погледнете на следниот линк.

 

Заверка на зимски семестар

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека заверката на летниот семестар се врши од 01.12.2017 до 22.12.2017 година. Ве молиме најдоцна до овој рок да се направи заверката на семестарот, во спротивно нема да Ви биде дозволено да ги полагате испитите. Исто така, Ве известуваме дека заверката на семестарот е задолжителна за сите студенти, независно дали сте редовни или вонредни.

Напомена: Заверката на семестарот се однесува за студентите кои се запишале за прв пат во 2011, 2012, 2013 и 2014 година.

Напомена: Заверката на семестар се врши со уплата од 3100 денари. После наведениот рок се плаќа со казна во износ од 6200 денари.

Во прилог го доставуваме и начинот на пополнување на образец ПП10 кој е потребен за уплата на заверка на летниот семестар.

  • Примач: Факултет за бизнис економија - Скопје
  • Жиро сметка: 210061017470125
  • Банка: Тутунска Банка АД - Скопје
  • Износ: 3100 денари 

Одржана креативна трибина за личен развој

 

На ден 12.10.2017 година (четврток) во 15.00 часот, Институтот за бизнис економија и Факултетот за бизнис економија, органиизираа креативна трибина.

Конкурс за Еразмус+ студентска мобилност

 

Согласно Ерасмус+ универзитетскиот чартер за периодот 2014-2020 година и склучените меѓуинституционални Ерасмус+ договори, Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) објавува конкурс за избор на студенти од ФБЕ за студирање во времетраење од еден семестар.

Академски календар 2017/2018

Распоред на предавања за зимски семестар

 

Предавањата започнуваат од 2-ри октомври.

 

Повик за објавување на трудови во Списанието за одржлив развој

 

Уредувачкиот одбор на Списанието за одржлив развој објавува повик за публикување на трудови за осумнаесетиот број на списанието.

Публикуван е нов број од Списанието за одржлив развој


Почитувани посетители,
Објавен е новиот број од Списанието за одржлив равој во издание на Факултетот за Бизнис економија. Истиот можете да го погледнете на следниот линк.

 

Задолжителна пракса

Почитувани,

          Согласно член 99 од Законот за виско образовани и Правилникот за организирање на практична настава на студентите, студентите во секоја студиска година задолжително посетуваат практична настава која не може да биде пократка од 30 дена како еден од условите за запишување на наредна студиска година.

          Во врска со формулираната законска обврска Ве информираме дека до 15-ти Септември 2017 година редовните студенти ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да имаат остварено 30 дена пракса во некоја институција или фирма.

         Консултации за начинот на реализирање на практичната настава и потребните документи (дневникот за пракса) можете да ги подигнете во службата на студентски прашања во период од 13 јуни 2017 година.

 

Известување за пријавување на испити

Почитувани студенти, доколку имате положено предмет преку колоквиуми, потребно е да го пријавите истиот како испит во јунска сесија.

Страница 4 од 13

4