Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Студенти

Права и должности на студентите

Права и должности на студентите
Правата и должностите на студентите се дефинирани во Статутот на ФБЕ, во членовите:

  • Општи одредби за статусот студент на ФБЕ – од член 70 до член 74
  • Права на студентите – член 75
  • Должности на студентите – член 76
  • Погодности за најдобрите студенти – член 77 и 78
  • Кодекс на однесување


Член 75


- Редовно студирање и статус на редовен студент и право на вонредно
студирање и статус на вонреден студент,

  • Запишување и образование под еднакви услови утврдени со Закон, со овој Статут и со општите акти на Школата,
  • Квалитетни студии и образовен процес како што е предвидено во студиските програми,
  • Право на изјаснување на квалитетот на наставата и наставниците,
  • Учество во управување со Школата, согласно Законот и овој Статут,
  • Заштита на своите права и должности пред органите на Школата,
  • Заштита на личноста и достоинството на студентот од злоупотреба,
  • Слободно определување за видот на студиите,
  • Да ги продолжи студиите на друга високообразовна установа ако Школата престане со работи или ако студентот се испише од Школата,
  • Да ги користи библиотеката и базата на податоци, просторот, опремата (учебни помагала), софтверот и друга научна и стручна инфраструктура на Школата,
  • Да избира и да биде избран, како претставник на студентите во органите на Школата,
  • Да користи услуги на студентскиот стандард со сопствен надомест (сместување, исхрана, здравствена заштита и друго), градски и меѓуградски превоз, според условите утврдени во Закон и од вршителите на соодветните дејности,
  • Да преминува од една на друга високообразовна установа, односно од едни на други студии, и притоа да ги користи погодностите на ЕКТС,
  • Да се организира во граѓанско здружение - Студентски парламент на Школата, заради остварување на правата дадени во Законот и овој Статут,
  • Да ги продолжи студиите што ги прекинал, со исполнување на процедури и обврските кои ги бара Школата,
  • Да користи распуст не помалку од 60 дена, во рамките на еден календарска година,
  • Да добива државни или други стипендии или да користи финансиски кредит за издршка за време на школувањето, под услови утврдени со Закон,
  • Да остварува соработка со студентите во земјата и во странство,
  • Да остварува и други права согласно со Закон и овој Статут.

 

Член 76

  • Да се придржуваат кон обврските кои за нив произлегуваат од Статутот, како и да одговараат за повредата на истите,
  • Задолжително да ја користат картичката за евидентирање на електронскиот ситем за влез-излез,
  • Секоја учебна година во текот на своето студирање задолжително да изработат Проектна задача од одржан семинар на кој присуствувале. Трошоците за семинарите кои се однесуваат на организиран превоз, сместување во објект каде се одржува семинарот, како и издавањето на брошура од семинарот ќе го сноси секој студент поединечно.

Кодексот на однесување ги регулира следните аспекти на однесувањето на вработените и студентите на ФБЕ:

Забрана за употреба на алкохол
На студентите на ФБЕ не им е дозволено поседување или употребување на алкохол во текот на нивните активности во просториите на школата. Пијанството за ФБЕ е неприфатливо и студентите кои ќе ги прекршат овие правила ќе бидат подложни на дисциплински мерки.

Забрана за употреба на наркотични средства
ФБЕ нема да толерира добивање, дистрибуција, продажба, нарачување, поседување и/или користење на наркотични средства во своите простории како и во текот на активностите изведени во рамките на школата.
Секој студент кој ќе ги прекрши овие правила ќе биде подложен на поведување полициска и дисциплински мерки.

Компјутерска мрежа и пристап на интернет
Интернетот е светски распространета компјутерска мрежа која содржи милиони страници со различни информации и реклами. Корисниците на интернетот се предупредени дека голем број од овие интернет страни вклучуваат навредлив, сексуално експлицитен и несоодветен материјал. Во општ случај додека се користат интернет услугите многу е тешко да се одбегне барем контактот со ваквите материјали, дури и наједноставните пребарувања може да доведат до високо навредливи содржини. Дополнително, доколку вашата адреса ја има на интернет тоа може да предизвика да добиете е-мејлови со навредливи содржини (тн. спамови). Корисниците на интернет услугите треба да се свесни за овој податок и ФБЕ не превзема одговорност за материјалите кои студентите ќе ги гледаат или преземат од интернет, но истите треба да се свесни дека пристапот кон интернет и е-мејл адресите преку мрежата на ФБЕ е сопственост на ФБЕ и дека во својот домен ФБЕ ги надгледува претходно наведените активности. ФБЕ ги охрабрува своите студенти да ги користат електронските медиуми но притоа да се однесуваат одговорно и професионално. Така на пример при испраќање на е-мејл треба да ги користат истите заштитни мерки како и при праќање на факсови или писма. Исто така студентите треба да научат да препознаат кои интернет страни се безбедни за читање иако понекогаш е тешко да се направи проценка која интернет страна е прифатлива или неприфатлива за читање.

 

Ограничување во користењето на компјутерската мрежа
Во рамките на недозволените активности во однос на компјутерската мрежа на ФБЕ истата нема да биде користена за дисеминација, гледање или сторирање, комерцијални и лични реклами, промоции, деструктивни кодови (на пример вируси, тројан програми и сл.) или користење на други неавторизирани материјали. Во таков случај привилегијата да се користи компјутерската лабораторија ќе биде прекината.
Секој студент и вработен има обврска да не ја уништува или оштетува компјутерската опрема во сопственост на школата.

Комуникации и деловни тајни
Доколку не се соодветно овластени на сите корисници им се забранува испраќање, пренесување или дистрибуирање на доверливи информации и податоци кои се сопственост на ФБЕ. Неавторизирана дисеминација на таквиот материјал може да резултира во сериозни дисциплински мерки.

Сопственост
Севкупната интелектуална сопственост обработувана во текот на активностите на ФБЕ или од некој проект на ФБЕ припаѓа на ФБЕ. Севкупната опрема, софтвери и други погодности на школата кои ги користат студентите и вработените се истотака сопственост на ФБЕ, вклучувајќи ги тука и материјалите и креираните е-мејл адреси. Соодветно, студентите и вработените би требало да ги користат погодностите и интелектулната сопственост на ФБЕ само во контекст на работата и за бенефит на ФБЕ. ФБЕ го задржува правото да го надгледува, да има пристап, да прави преглед како и да го избрише следното без да ја извести засегнатата индивидуа: сите испратени и примени е-мејлови, поштенски сандачиња, приватни директориуми, филмови, како и софтвери и материјали од трети лица. Исто така ФБЕ го задржува правото да ги повлече сите привилегии кои ги нуди доколку смета студентите и вработените ги користат на неприфатлив начин.

Екскурзии
Екскурзии надвор од просториите на ФБЕ и посети на други фирми, фондации, факултети и други институции, а кои се поврзани со наставните активности се дел од образованието на ФБЕ. Се очекува дека во текот на екскурзиите и другите активности надвор од просториите на ФБЕ сите студенти ќе се однесуваат одговорно. Во тој контекст секој студент би требало да потпише изјава дека го ослободува ФБЕ од одговорност во случај на незгода во која се нашол по негова вина.

Лојалност, искреност и изглед
Од вработените и студентите на ФБЕ се очекува да се однесуваат лојално и фер во однос на коректна комуникација, вистински, комплетни и навремени информации за програмите, активностите, политиките, процедурите и практиките, во и надвор од ФБЕ. Исто така се очекува во текот на работното време и наставата вработените и студентите да практикуваат пристоен начин на облекување. Непочитувањето на овие правила се смета за прекршок, казнив со опомена, разрешување или исклучување во зависност од неговата тежина зачестеноста.

Интелектуална сопственост
Во поширока смисла, интелектуалната сопственост се однесува на правата на печатење/копирање на материјалот, патенти, трговски марки, иновации, идеи, know-how и деловни информации. Повеќето текстови и слики се заштитени со правата за печатење, додека останатите материјали се заштитени со трговски марки. Превземањето, поседувањето и дистрибуцијата или копирањето на авторски заштитен примерок, документ, книга, софтверски програм, on-line водич за предавања/вежби или пак видео е прекршок на правата за печатење доколку личноста која го прави преземањето не е соодветно овластена од авторот на делото. Според тоа, во отсуство на овластеност за преземање на одредени содржини од некој друг автор овие активности се забранети. Овие основни правила важат и за материјали добиени од трети лица како што се други институции, информациони системи и интернет страни.

Систем на оценување

За да ги добие потребните бодови  за положување на секој предмет од наставната програма, студентот треба успешно (целосно, навремено, квалитетно и посветено) да ги извршува задачите поставени од професорите.

Финалните оценки се добиваат врз основа на следните критериуми:

  • Редовност на предавања (10%)
  • Активност на предавања (10%)
  • Истражувачки активности (20%)
  • Успешно положени колоквиуми/финален испит (60%)

 

 

Согласно Законот за високото образование на Република Македонија, како и европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС), ФБЕ за оценување ја користи следнава скала:

 

МАКЕДОНСКА СКАЛА

ЕКТС

СКАЛА

ОБЈАСНУВАЊЕ

10

A

ОДЛИЧНО одлични резултати со сосема мали грешки

9

B

МНОГУ ДОБРОнадпросечно, но со определени грешки

8

C

ДОБРО во основа солидна работа со одреден број на значајни грешки

7

D

ЗАДОВОЛИТЕЛНО доволно, но со значителни недостатоци

6

E

ДОВОЛНО резултатот ги задоволува минималните критериуми

5

F

ПАДНАЛ – се бара значителна дополнителна работа за да може да се доделат кредити

 

 

Крајната оценка на предметот се утврдува врз основа на просечно остварените резултати од крајниот испит и од планираните активности што студентот ги остварил  во текот на семестарот. Конкретните барања на секој наставен предмет се одредуваат од страна на ФБЕ, со тоа што се посветува посебно внимание на студентите кои се истакнуваат со својата надареност, посветеност и активност. Имено, за секој предмет од наставната програма се предвидени по неколку  тематски истражувачки активности, кои студентите ги реализираат низ тимска работа, под менторство на предметниот професор. Зависно од покажаниот квалитет (длабочина и опфат на истражувањата и сознанијата), најдобрите студенти ќе добијат и највисоки оценки.

Доколку студентот не добие 6 или поголема оценка, значи дека не го положил испитот од тој предмет и мора да го повтори. Послабите студенти на ФБЕ имаат можност за дополнителна настава, консултации и разни други дополнителни активности, за да успеат да го совладаат минималното потребно ниво на знаења за преодна оценка.

За ниво на додипломски студии на секоја од насоките се предвидени соодветен (во случајов максимален) број  на бодови и кредити. Согласно предложената распределба на кредити, соодветно на вкупниот обем на ангажман на професорите и студентите, во просек од 1500-1800 работни часови  се предвидени за совладување на  содржини во вкупен обем  (бројот на предвидени часови настава-екс катедра, вежби  осмислени во модули за практична апликација и самостојна работа на студентите за совладување на наставните содржини).

Практично, ќе се работи во групи од студенти, со дневен распоред на  4 часови предавања екс-катедра, 2 часови вежби (во соодветна комбинација на предавања и вежби низ практична симулација предвидена во модулите за нивно изведување и 2-3 часови самостојна работа на студентите (за што по потреба со претходна најава ќе може да ги користат капацитетите на ФБЕ како што се библиотеката, компјутерската лабораторија и сл.). Врз основа  на ваквата динамика и распоред на активностите во текот на секој од предвидените 6 семестри ќе се  реализира потребниот број од 180 кредити.

Оценувањето на резултатите на студентите ќе се врши периодично, за секој семестар, преку 2 колоквиуми. Финалната оценка за успехот на студентот  за секоја предметна дисциплина ќе се утврдува врз основа претходно наведените критериуми за редовност и активност на предавања, истражувачка дејност и успешно положени колоквиуми/финален испит.

Студентот кој по сите планирани основи за оценување ќе оствари 

  • од 50% до 60% од вкупниот број на бодови, ќе добие просечна оценка  на студиите 6
  • до 70% од вкупниот број на бодови, ќе добие просечна оценка  на студиите 7
  • до 80% од вкупниот број на бодови, ќе добие просечна оценка  на студиите 8
  • до 90% од вкупниот број на бодови, ќе добие просечна оценка  на студиите 9
  • до 100% од вкупниот број на бодови, ќе добие просечна оценка  на студиите 10. 

 

Според идејната концепција на Факултетот за бизнис економија за период од 3 години, се планира:

  • Во текот на првата студиска година, сите студенти (независно од насоката за која ќе се определат во текот на третата година од студиите), да  стекнат знаења од основите на бизнис економијата, преку соодветна застепност на одделните наставни дисциплини (макроекономија, математика, статистика, основи на сметководство, микроекономија, деловно право и англиски јазик).
  • Во текот на втората студиска година повторно се предвидува стекнување определен квантум на основни занења  за сите студенти (менаџерско сметководство 1 и 2, менаџерска економија, корпорациски финансии и интегриран бизнис пристап). Покрај овие т.н. основни предмети кои се обврзни за сите студенти, се планира и можност за избор на студентите да изучуваат и дополнителни содржини од областа на претприемничтво, ГИС-1, економија на регионални интеграции и основи на маркетингот.
  • Во текот на третата студиска година се планира целосно специјализирање на студентите во избраната насока. За таа цел се предвидени и соодветни основни (задолжителни) предметни дисциплини  на секоја насока. Но заради задоволување на индивидуалните интереси на студентите, оставена е можност за нивен слободен избор на уште два предмети од листата на изборни предмети за секоја соодветна насока.

 

По успешното завршување на предвидените активности во текот на тригодишните студии, студентите ќе треба да изработат и дипломски труд, по чија успешна јавна одбрана ќе се стекнат со диплома - дипломиран економист на избраната насока од една од петте можни на ФБЕ т.е.

- дипломиран економист на насока финансиски менаџмент

- дипломиран економист на насока маркетинг менаџмент

- дипломиран економист на насока одржлив развој-еколошка економија,

- дипломиран економист на насока регионален и локален бизнис развој и

- дипломиран економист на насока банкарство.

Школарина

Додипломски студии

  1. Цената наредовни студии на “Факултет за бизнис економија” (ФБЕ) изнесува 250 € по семестар.

 

Пријавата за полагање на секој испит во редовна испитна сесија е 10€.

 

Заверка на семестар е:

  • од 1-ви до 20-ти декември 50 €
  • од 1-ви до 20-ти мај 50 €

 

Уплатите за полагање на испит како и заверка на семестар се извршуваат во денарска противвредност според средниот курс на НБРМ на денот на уплатата.

 

  1. Цената за вонредни студии на ФБЕ е 300 € по семестар.

 

  • Пријавата за полагање на секој испит во редовна испитна сесија е 10€.

 

Заверка на семестар е:

  • од 1-ви до 20-ти декември 50 €
  • од 1-ви до 20-ти мај 50 €

 

Уплатите за полагање на испит како и заверка на семестар се извршуваат во денарска противвредност според средниот курс на НБРМ на денот на уплатата.

Начин на запишување на студентите

“Факултет за бизнис економија” (ФБЕ) застапува политика на слободен прием што подразбира спремност да обезбеди место на секој кандидат кој ги исполнува условите да биде вклучен во академската програма.

Додипломски студии

Услови и критериуми за запишување

Кандидатите кои што се запишуваат на додипломски студии на ФБЕ  треба да имаат завршено средно четиригодишно образованиe.

Документи за запишување

    1. Пополнета  пријава (симнете ја тука).
    2. Оригинална диплома за завршено средно образование (за студентите кои го имаат завршено средното образование пред 2008 година или надвор од Р.Македонија) и копија заверена на нотар
    3. Диплома за положена државна матура за кандидатите кои го завршиле средното образование во периодот од 2008 до 2015 година и копија заверeна на нотар
    4. Оригинални свидетелства и копии заверени на нотар
    5. Оригинал извод од матична книга на родените и копија со нотарска заверка
    6. Оригинал уверение за државјанство и копија со нотарска заверка
    7. Две фотографии
    8. Потврда за редовен работен однос и копија од М1/М2 образец или лекарско уверение за вонредно студирање (документација која ја доставуваат вонредните студенти)

    Кандидатите се запишуваат како редовни и вонредни студенти со самофинансирање на студиите.

    Зошто да студирате на Факултет за бизнис економија?

    ШТО Е БИЗНИС ЕКОНОМИЈА И ЗОШТО ДА СТУДИРАМЕ НА “ФАКУЛТЕТОТ ЗА БИЗНИС ЕКОНОМИЈА”

    За да сфатиме што е тоа бизнис економија и зошто да студираме бизнис економија, најпрвин ќе се обидеме да ги разјасниме четирите основни термини во економската наука:

    • скудноста,

    • ресурсите,

    • алтернативната употреба на ресурсите и

    • економскиот компромис.

    Што е скудност?

    Скудноста едноставно значи дека луѓето сакаат повеќе отколку што имаат на располагање, односно кога нештото е ретко и го нема во доволни количини за во потполност да задоволи нечија желба или потреба.

    Сите ние сакаме повеќе отколку што имаме во моментот. Потрошувачите сакаат повеќе облека, поконфорни куќи и подобри автомобили, но нивните домашни буџети не можат да го издржат тоа. Бизнисмените (во фирмите) сакаат повеќе да потрошат на реклами и да воведат посовремени машини за производство, но нивните буџети тоа не го дозволуваат. Истото се однесува и на државата која најчесто сака да потроши повеќе отколку што собрала преку даноците. Значи, сите ние сакаме да купиме повeќe отколку што имамe пари на располагањe. Затоа, со паритe со кои располагамe, морамe да направимe избор за тоа што ќe купимe, а што нe. Оттука, можeмe да рeчeмe дeка бизнис eкономијата, слично како општата eкономија, e наука за изборот. Нeјзината цeл e да сe достигнe највисокото ниво на задоволувањe на потрошувачитe, како и највисокото ниво на профитабилност на фирмитe.

    Што сe рeсурси?

    Рeсурситe сe фактори на производството (срeдстава со кои сe произвeдува) со кои фирмитe произвeдуваат добра и услуги (производи). Рeсурси сe: зeмјата, работната сила со вeштинитe и способноститe на работницитe, машинитe, зградитe, сировинитe и матeријалитe, паритe, итн.).

    Што e алтeрнативна употрeба?

    Нe само скудноста, туку и алтeрнативната употрeба e во срцeто на бизнис eкономијата. Ако сeкој eдeн рeсурс имашe само eдна употрeба, работитe ќe бeа многу eдноставни. Но, водата на примeр, можe да сe користи како за производство на сокови, така и за производство на сладолeди, но и за бeзброј други производи. Истото важи и за другитe рeсурси: човeчкитe рeсурси, шумитe, нафтата, жeлeзото, итн. Основното прашањe на коe сeкоја фирма трeба да одговори e: Колкава количина од сeкој рeсурс трeба да сe размeсти (алоцира) за сeкоја eдна нeгова употрeба? Сeкоја фирма тоа го прави на овој, или на оној начин, успeшно или нeуспeшно. Да сe направи тоа успeшно e цeлта на бизнис eкономијата.

    Зошто да студирате бизнис економија на “Факултетот за бизнис економија”?

    Затоа што на ФБЕ студирањето на одделните наставни дисциплини е интегрирано, односно бизнис економијата, покрај изучувањето на одделни предмети се изучува и низ симулација на комплексната економска реалност, со мултидимензионално комбинирање на различните аспекти на бизнисот. Уникатноста на ваквиот интегриран пристап е затоа што ФБЕ е единствениот во земјата каде се применува и затоа што ги оспособува студентите по дипломирањето, веднаш да се вклопат во секојдневните деловни активности на работното место . За што впрочем сведочат:

    • високата стапка (80%) на вработеност на нашите дипломци,
    • високите оценки за знаењата и одговорноста на нашите студенти, од страна на компаниите каде што ја обавувале работната пракса.

    Страница 12 од 12

    12
    Следно
    Крај