Со длабоко жалење, Ве известуваме дека на ден 19.12.2022 година прерано и неочекувано не напушти нашата почитувана колешка и професорка д-р Жанина Кировска, в.д. Директор на ФАКУЛТЕТОТ ЗА БИЗНИС ЕКОНОМИЈА Скопје.
ФАКУЛТЕТОТ ЗА БИЗНИС ЕКОНОМИЈА Скопје изгуби прекрасен човек, интелектуалец и професор омилен кај студентите кој со своите дела и предана работа остави неизбришан траг во сферата на образованието и науката.
Како голем борец и победник во многу животни битки, вечно ќе останат во сеќавање професионализмот, достоинството и позитивниот дух својствени за нашата драга професорка. Нејзината реченица „нема да дозволам да ги изневерам студентите“ вечно ќе остане врежана во нашите сеќавања како олицетворение на огромна љубов и преданост кон студентите и работата.
Искрено сочувство до семејството Кировски.
Факултет за Бизнис Економија
Улица „3-та Македонска Бригада“ бр. 66А - Кат 1, 1000 Скопје, Македонија; тел. 389 2 2402160, 2402161 факс: 389 2 2466043
fbe@fbe.edu.mk - www.fbe.edu.mk