Вработувања на ФБЕ
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Вработувања на ФБЕ

 

Врз основа на член 172 од Законот за високото образование („Сл. Весник на РМ“ бр. 82/18), член 68 и 237 од Статутот и Правилникот за критериумите и постапката за избор во звања, Приватната високообразовна установа – висока стручна школа ФАКУЛТЕТ ЗА БИЗНИС ЕКОНОМИЈА Скопје распишува:

Конкурс за избор

на наставници во сите наставни звања

  1. 2 (два) наставникa во сите наставни звања од полето 503-Економски науки, област  50326 Финансии
  2. 1 (еден) наставник во сите наставни звања од полето 506 –Организациони науки и управување,  50603 Менаџмент
  3. 1 (еден) наставник во сите наставни звања од полето 503 –Економски науки, област 50328 Сметководство
  4. 1 (еден) наставник во сите наставни звања од полето 503 – Економски науки, област  503000  Економска теорија

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат условите за избор во наставни звања согласно Законот за високото образование и Правилникот за критериумите и постапката за избор во звања на Приватната високообразовна установа – висока стручна школа ФАКУЛТЕТ ЗА БИЗНИС ЕКОНОМИЈА Скопје. Заинтересираните кандидати со пријавата поднесуваат: Биографија, фотокопијасо нотарска заверка на Уверението и Диплома за завршено образование (од сите циклуси), фотокопија со нотарска заверка од Извод од матична книга на родени, фотокопија со нотарска заверка од Уверение за државјанство, листа на објавени научни и стручни трудови и копија од трудовите.

Пријавите се доставуваат на бул. 3-та Македонска бригада бр. 66А, Скопје. Огласот трае 7 (седум) дена од  денот на објавувањето.