Национална завршна конференција на проектот „Воведување на современи методи на учење во Македонија со употреба на италијански искуства“
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Национална завршна конференција на проектот „Воведување на современи методи на учење во Македонија со употреба на италијански искуства“

 

На 13 октомври 2020 година се одржа Национална завршна конференција на проектот „Воведување на современи методи на учење во Македонија со употреба на италијански искуства“ во организација на Факултетот за бизнис економија Скопје (ФБЕ).

Поради тековната ситуација со вирусот Covid-19, конференцијата се одржа преку видео-конференциска врска на платформата ZOOM. 

Националната завршна конференција беше дел од проектот „Воведување на современи методи на учење во Македонија со употреба на италијански искуства“ имплементиран од Универзитетот од Модена и Реџио Емилија (UNIMORE) од Италија и Факултетот за бизнис економија Скопје (ФБЕ), а поддржан од страна на Централно-европската иницијатива (CEI) преку Програмата за размена на знаење на Италија (KEP Italy).

На конференцијата беа поканети претставници на раководните тела од сите државни и приватни високообразовни институции во државата, како и претставници од Министерството за образование и наука. Конференцијата ја отвори и водеше д-р Аземина Машовиќ, експерт во проектниот тим и професор на ФБЕ. Поздравно обраќање имаше Директорот на Факултетот на бизнис економија, д-р Биљана Ѓозинска, професор и член на проектниот тим на ФБЕ.

Oсновните информации за реализираниот проект и истражувањето во рамките на проектот беа презентирани од страна на главниот истражувач во проектниот тим и професор на ФБЕ, д-р Жанина Кировска. Претставникот на проектниот тим на Универзитетот од Модена и Реџио Емилија (UNIMORE) од Италија, д-р Андреа Зини, сподели подетални искуства и предизвици во однос на е-учењето и учењето на далечина во Италија.

Понатаму, на конференцијата беа презентирани резултатите од реализираниот проект, анализа на современите методи на е-учење во ЕУ и светот, како и препораки за унапредување на постојните методи и практиките на е-учење во Република Северна Македонија. Резултатите од реализираниот проект ги презентираа м-р Мартин Стојановиќ, експерт во проектниот тим и виш предавач на ФБЕ и м-р Мартин Киселички, помлад истражувач во проектниот тим и виш предавач на ФБЕ.

Во рамките на конференцијата, посебен дел беше предвиден за дискусија и заклучоци, каде присутните го споделија своето мислење и искуство во однос на е-учењето.