ФБЕ започнува со имплементација на нов Еразмус+ проект
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

ФБЕ започнува со имплементација на нов Еразмус+ проект

 

ФБЕ започнува имплементација на Еразмус+ КА2 проект (Економија на одржливост), заедно своите проектни партнери Универзитето за економија од Катовице, Универзитетот од Фиренца, Универзитетот од Марибор, Високата школа за Финансиски студии од Загреб и Вилниаус колеџот од Вилниус.

Целта на проектот е да се стави фокус на основните прашања поврзани со одржливоста кои играат важна улога во модерниот бизнис свет и имаат огромен потенцијал да придонесат за идниот развој на светот. Главниот фокус на проектот е идентификувањето на области каде прашањата за одржливост се клучни, а потоа и предложување на решенија што ќе бидат практично спроведени.

Целта ќе се постигне преку воведување на нов предмет во наставните програми на високообразовните институции каде што може да се адресираат различни аспекти на одржливоста, вклучувајќи културолошка и социјална одржливост, одржливост на бизнисот, односи со животната средина и работните односи, маркетинг и одржливо производство и потрошувачка, психологија и комуникација за одржливост, одржлив дизајн, туризам и угостителска индустрија, одржливо финансирање и управување и др.

Резултатите од првата фаза на проектот ќе ги задоволат образовните потреби на современите општества за решавање на основните еколошки и социјални проблеми. Во образовниот процес на студенти од областа на економијата, треба да се пристапи кон актуелните теми на глобално и локално ниво, со што за да се исполни оваа цел е потребна соработка меѓу високообразовните институции. Првата фаза на проектот опфаќа придонес на проектните партнери во развојот на заедничката наставна програма и воведување на нов предмет.

Новиот предмет „Одржлива економија ќе се фокусира на клучни прашања поврзани со одржливиот развој, треба да инкорпорира различни области, вклучително меѓукултурни прашања за самите земји. Ваквиот пристап ќе ја стимулира и отвореноста на младите генерации кон различни култури, толеранција, социјална и еколошка одговорност. Меѓународниот карактер на проектот ќе обезбеди посилни врски и единство помеѓу високообразовните институции, нивниот кадар и студентите.

Учебникот создаден од научно-истражувачкиот тим по нивните прелиминарни истражувања и наоди во првата фаза на проектот ќе биде насочен пред се кон студентите од партнерските институции како материјал за поддршка за новиот предмет воведен во наставните планови. Дополнително, учебникот ќе биде споделен за симнување како PDF документ со отворен пристап,  достапен до студенти и наставен кадар од други институции ширум светот.

Суштината на одржливиот развој иако е јасна, претставува тешка за реализирање доколку станува збор само за индивидуални напори. Активностите кон корпоративната општествена одговорност позитивно влијаат врз имиџот на компанијата, иако веројатно не се дел од критериумите што ги земаат во предвид потрошувачите. Овој недостаток на свесност кај потрошувачите може да резултира во нивното непрепознавање на ваквите корисни активности и истовремено да нема позитивно повратна информација или поддршка за нив. Целта на проектот е да се зајакне интересот и да се стимулира учеството во одржливиот развој на земјите.

Технолошката дифузија претставува основата на промените во однесувањето, кои од една страна доведуваат до нови очекувања кај компаните и, од друга страна, им овозможуваат на потрошувачите да се вклучуваат во ко-креирање на производи и услуги, или пак создавање на целосната пазарна понуда.  Сепак, треба да се има во предвид дека луѓето треба да бидат стимулирани и охрабрени за да се поттикне нивната креативност.

Развојот на модерната технологија игра важна улога во придвижување на транзицијата кон одржлив развој преку појава на нови бизнис модели, кои ги рефлектираат социјалните потреби што се резултат на демографски промени и други мегарендови. Новиот систем кој се развива се заснова на повторна употреба, рециклирање и споделување, односно сите активности што доведуваат до намалување на штетните влијанија врз животната средина и со тоа придонесува за вредностите на корпоративната општествена одговорност и одржливост. Проектот ќе се искористи за зајакнување и поддршка на ваквите позитивни трендови во однесувањето.

Резултатите од проектот ќе бидат дисеминирани преку создавање платформа со отворен пристап, каде што ќе бидат внесени идеи за користење на гејмификација, за да се користат проактивно од страна на компаниите и потрошувачите. Иновативната идеја на платформата се состои во собирање на нови и тестирани решенија на едно место со што ќе се овозможи брз и лесен пристап до најразлични идеи што можат да имаат потенцијал за создавање одржливост. Користејќи ја гејмификацијата, која се покажа како ефикасна во поттикнувањето на потрошувачите да се однесуваат на посакуваните начини, компаниите можат да добијат значителни придобивки од маркетингот, градењето односи и активностите поврзани со корпоративната општествена одговорност. Платформата исто така ќе биде корисна за потрошувачите кои веќе размислуваат на одржлив начин, за да им помогне да најдат еколошки решенија, да ги промовираат на релевантни компании и да добијат поддршка во нивните иницијативи.