Одржани еднодневни обуки на тема „Со бизнис план до успех“ и „Виртуелно претприемништво“
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Одржани еднодневни обуки на тема „Со бизнис план до успех“ и „Виртуелно претприемништво“

 

На Факултетот за бизнис економија Скопје се одржаа еднодневни обуки за матурантите од средното училиште СУГС „Лазар Танев“. Обуките на тема „Со бизнис план до успех“ и „Виртуелно претприемништво“ беа спроведени од страна на д-р Адријана Булевска-Зариќ.

Цел на обуките беше матурантите да се запознаат со основните поими од областа на виртуелното претприемништвото, предностите и слабостите да се биде претприемач, како и важноста од добро изработен бизнис план за успешна реализација на претприемничките идеи.

Стекнатите познавања од спроведените обуки ќе им овозможат на учениците уште од сега да почнат да размислуваат за можноста и начинот како своите бизнис идеи да ги претворат во конкретни инцијативи во иднина.

 

Спроведените обуки се дел од долгогодишната успешна соработка помеѓу Факултетот за бизнис економија и СУГС „Лазар Танев“ во насока на размена на знаења и искуства во областа на бизнис економијата.