Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

ФБЕ влегува во мрежата на CEEPUS

 

Факултетот за бизнис економија – Скопје, за учебната 2018/2019 година, се приклучи на проектот CEEPUS (Central European Exchange Program for University Studies), како дел од две мрежи, Managerial Processes and its Optimization and Valuation и Applied Economics and Management.

Во рамките на овие две мрежи членуваат повеќе од 30 универзитети од повеќе европски држави, вклучувајќи ги Австрија, Полска, Чешка, Словачка, Романија, Унгарија, Хрватска и Бугарија.

CEEPUS  (https://www.ceepus.info/public/network/network.aspx#nbb),  e регионална програма за мобилност во високото образование, овозможувајќи размена на студенти и наставен кадар во рамките на земјите потписнички. Трошоците за мобилност на студентите и наставниот кадар се покриени.

Деталните информации и потребните документи за мобилност на студентите можат да се најдат на веб страницата на Министерството за образование и наука (www.mon.gov.mk) и преку CEEPUS координаторот на Факултетот (д-р Аземина Машовиќ).