Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Гостинско предавање на професор од Словенија

 

На 27-ми февруари и 1-ви март, професорот Антон Ворина од Економската Школа во Цеље, Љубљана, одржа гостинско предавање на Факултетот за бизнис економија, пред студенти од прва и втора година.

Темите на предавањето беа „Менаџерско сметководство преку студија на случај“, „Менаџмент на квалитет, со осврт на потрошувачите“, „Користење на SPSS програми за статистичка анализа и носење на бизнис одлуки“ и „Пресметка на трошоци во логистика и транспорт“. По предавањето, беше одржана кратка сесија на прашања за студентите.

 

Предавањето беше остварено со помош на Еразмус+ програмата.