Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
image image image image image
Предавање на професор на ФБЕ во Словенија
Професор д-р Слаѓана Стојановска, на 21 март, одржа предавање и обука на тема Калкулација на трошоци на производ, во Економската школа Цеље, Висока стручна школа.
Гостинско предавање на професор од Словенија   На 27-ми февруари и 1-ви март, професорот Антон Ворина од Економската Школа во Цеље, Љубљана, одржа гостинско предавање на Факултетот за бизнис економија, пред студенти од прва и втора година.
Повик за објавување на трудови во Списанието за одржлив развој   Уредувачкиот одбор на Списанието за одржлив развој објавува повик за публикување на трудови за деветнаесетиот број на списанието.
Публикуван е нов број од Списанието за одржлив развој
Почитувани посетители,
Објавен е новиот, 18-ти број од Списанието за одржлив равој во издание на Факултетот за Бизнис економија. Истиот можете да го погледнете на следниот линк.  

Акредитирани 4 годишни студии

Одборот за акредитација и евалуација на Високото Образование на Република Македонија донесе решение за акредитација на студиската програма Економија, прв циклус на четиригодишни студии на Приватната високообразовна установа – висока стручна школа „Факултет за бизнис економија“ – Скопје.

Студиската програма е во траење од 8 семестри и претставува прва акредитирана четиригодишна студиска програма од областа на економијата на приватна високообразовна установа во Македонија.

Достапните модули за студирање се:

  • Финансии
  • Маркетинг
  • Сметководство и ревизија
  • Економска теорија

По завршените студии на студиската програма, студентот се стекнува со целосни 240 ЕКТС и со звање Дипломиран економист (анг. Bachelor of Economics), од научно-истражувачко подрајче „Економски науки“.

Додипломските студии се базирани на интегриран мултидимензионален пристап за развивање и имплементација на наставните програми преку интерактивни методи на предавање. Учењето преку работа (“Learning by doing”), студентската пракса и меѓународната размена на студенти  обезбедуваат единствен и значаен профил на идни менаџери во областа на маркетинг, финанси, банкарство, финансии на претпријатие, економски теоретичари и сметководители.

За подетални информации јавете се во службата за студентски прашања на (02) 2402 160 или (02) 2402 161.