Образование
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Образование

.Факултетот за бизнис економија се стреми да им овозможи на своите кандидати најдобри услови за студирање со цел да постигнат успешни кариери на национално и меѓународно ниво.

Програмата им нуди на кандидатите богата база на знаење и ги квалификуваат за најбараните работни места  на пазарот на труд. Со додипломските студии, го развиваме потенцијалот на кандидатите преку редовни и вонредни студии, како и кратки курсеви.

Додипломските студии се базирани на интегриран мултидимензионален пристап за развивање и имплементација на наставните програми преку интерактивни методи на предавање. Учењето преку работа (“Learning by doing”), студентската пракса и меѓународната размена на студенти  обезбедуваат единствен и значаен профил на идни менаџери во областа на маркетинг, финанси, банкарство, финансии на претпријатие, одржлив развој и локален и регионален бизнис развој.