Библиотека
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
image image image image image
Стратегиите за интернационализација на ФБЕ и ИБЕ     Приватната високообразовна институција – Висока стручна школа Факултет за бизнис економија (ФБЕ) е основана во 2005 година, додека пак Приватниот Научен Институт за бизнис економија (ИБЕ) е основан во 2011 година.
Предавање на м-р Мартин Стојановиќ на школата за авторитативни студии   На 27.11.2019 во просториите на Факултетот за бизнис економија, во рамки на серијата предавања организирани од школата за анти-авторитарни студии „Стив Наумов“, м-р Мартин Стојановиќ одржа интерактивно предавање на кое учесниците покажаа голем интерес за тековни економски теми.
Работилница со ученици од СУГС Владо Тасевски   На 29.11.2019-та година Факултетот за бизнис економија организираше работилница за матурантите од средното училиште СУГС „Владо Тасевски“.
Учество на Еразмус+ контакт семинар во Тирана   Професорот на Факултетот за бизнис економија, д-р Аземина Машовиќ и Еразмус+ координаторот на Институтот за бизнис економија, м-р Александра Кираца земаа учество на „Еразмус+ контакт семинарот со земјите од Западен Балкан“, организиран од страна на Европската комисија, кој се одржа од 24-25 октомври 2019 година во Тирана, Албанија.
Бескаматен студентски кредит за студентите на ФБЕ

Со цел обезбедување на квалитетно и ефикасно образование достапно за сите, НЛБ Банка, Ви ја  претставува можноста за финансирање на студиите со

Библиотека

Факултетот за Бизнис економија располага со библиотека со опсежен и разновиден, домашен и странски книжен фонд од областите: економија, маркетинг, менаџмент, сметководство и финансии. Голем дел од книгите кои ги поседува библиотеката на ФБЕ се нови изданија од најдобрите автори во областа.

Во рамките на библиотеката има и околу 1000 електронски наслови од врвна светска литература. Библиотечниот фонд  редовно се обновува со трудови, прирачници и авторизирани предавања и вежби од професори, виши предавачи и предавачи.

 

РАСПОРЕД ЗА РАБОТА НА БИБЛИОТЕКАТА

  • Понеделник  - 09:00 - 12:00

  • Вторник - 09:00 - 12:00

  • Среда - 09:00 - 12:00

  • Четврток - 09:00 - 12:00

  • Петок- 09:00 - 12:00