Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
image image image image image
Публикуван е нов број од Списанието за одржлив развој
Почитувани посетители,
Објавен е новиот, 22-ри број од Списанието за одржлив развој во издание на Факултетот за Бизнис економија. Истиот можете да го погледнете на следниот линк.
ФБЕ и ИБЕ како ко-организатори на Првата меѓународна студентска конференција во Бугарија   Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) и Институтот за бизнис економија (ИБЕ) се ко-организатори на Првата меѓународна студентска конференција “Можности и предизвици на студентската мобилност“, која ќе се одржи на 10-ти октомври, 2019-та година во Софија, Бугарија.
Презентација на ученичка компанија од страна на СУГС „Владо Тасевски“   Students from SAGS "Vlado Tasevski" visited the Integrated Business Faculty on 15.05.2019 (Wednesday), in order to present their student company "Alter".
Успешно започнување на Еразмус+ соработка со Oporto Global University   Факултетот за бизнис економија и Глобалниот Универзитет во Порто започнаа Еразмус+ соработка за размена на наставен кадар во текот на април, со учество на вработен на ФБЕ на конференција во Португалија. 
Успешно организирана првата меѓународна конференција за одржлив развој во бизнисот и економијата   На 12ти април, 2019-та година, во просториите на Институтот за бизнис економија (ИБЕ) и Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) беше организирана првата меѓународна конференција за одржлив развој во бизнисот и економијата, во рамки на првата меѓународна Еразмус+ недела која се одржа од 8 до 12 април.

Директор

ДИРЕКТОР

Д-р Биљана Ѓозинска,

Д-р Биљана Ѓозинска докторирала во декември  2012 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, 2012 година во областа на Меѓународното право. Има повеќегодишно работно искуство во високообразовната дејност и во областа на правосудството.

На Факултетот за бизнис економија работи од ноември 2011 година. Пет години ги извршуваше обврските на Секретар на Факултетот. Наставната дејност ја остварува  како професор по предметот Деловно право, Даночно право и даночен менаџмент  и вклучена е во наставниот процес на предметот Интегриран бизнис пристап.  Во 2013 година избарана е како доцент/научен соработник  на Институт за бизнис економија. Во рамките на научно-истражувачката работа има активно учество како истражувач во повеќе меѓународни истражувачки проекти. Исто така д-р Биљана Ѓозинска автор е на повеќе научни трудови и  е  рецензент во меѓународно научно списание.

За директор на Факултетот за бизнис економија избрана е во март 2017 година.

е-mail:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите