Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
image image image image image
Презентација на ученичка компанија од страна на СУГС „Владо Тасевски“   Ученици од СУГС „Владо Тасевски“ остварија посета на Факултетот за бизнис економија на 15.05.2019 (среда), со цел презентација на својата ученичка компанија „Алтер“.
Успешно организирана првата меѓународна конференција за одржлив развој во бизнисот и економијата   На 12ти април, 2019-та година, во просториите на Институтот за бизнис економија (ИБЕ) и Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) беше организирана првата меѓународна конференција за одржлив развој во бизнисот и економијата, во рамки на првата меѓународна Еразмус+ недела која се одржа од 8 до 12 април.
Организирана првата Меѓународна Еразмус+ недела на Факултетот за бизнис економија и Институтот за бизнис економија   Во периодот од 8-ми до 12-ти април, 2019-та година, Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) и Институтот за бизнис економија (ИБЕ) ја организираа првата Меѓународна Еразмус+ недела.
Прва Интернационална конференција и Еразмус+ недела   Институтот за бизнис економија и Факултетот за бизнис економија ја организираат Првата Еразмус + меѓународна недела во Скопје, Р. Македонија од 8 до 12 април 2019 година.
Повик за објавување на трудови во Списанието за одржлив развој   Уредувачкиот одбор на Списанието за одржлив развој објавува повик за публикување на трудови за 22 број на списанието.

Директор

ДИРЕКТОР

Д-р Биљана Ѓозинска,

Д-р Биљана Ѓозинска докторирала во декември  2012 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, 2012 година во областа на Меѓународното право. Има повеќегодишно работно искуство во високообразовната дејност и во областа на правосудството.

На Факултетот за бизнис економија работи од ноември 2011 година. Пет години ги извршуваше обврските на Секретар на Факултетот. Наставната дејност ја остварува  како професор по предметот Деловно право, Даночно право и даночен менаџмент  и вклучена е во наставниот процес на предметот Интегриран бизнис пристап.  Во 2013 година избарана е како доцент/научен соработник  на Институт за бизнис економија. Во рамките на научно-истражувачката работа има активно учество како истражувач во повеќе меѓународни истражувачки проекти. Исто така д-р Биљана Ѓозинска автор е на повеќе научни трудови и  е  рецензент во меѓународно научно списание.

За директор на Факултетот за бизнис економија избрана е во март 2017 година.

е-mail:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите